Метју Пери, кој почина минатиот месец, зад себе остави голем број улоги, а публиката особено го засака во култната серија „Пријатели“ каде беше дел од славната шесторка.
По неговата смрт, колегите од популарната серија преговараат повторно да се обединат за да му оддадат почит на Метју Пери на сцената на овогодинешните Еми награди. Имено, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер ги започнаа преговорите кои се уште се во рана фаза, со цел на уникатен начин да му оддадат почит на починатиот колега.
Членовите на актерската екипа сакаат да ги споделат своите спомени за Пери, кој го играше Чендлер Бинг во хит серијата.
„Кога станува збор за смртта на Метју, емоциите сè уште се на високо ниво и уште е многу чувствителна ситуација, што е сосема разбирливо“, изјави извор за DailyMail, додавајќи:
„Но, Џен, Лиза и остатокот од актерската екипа сакаат да му оддадат јавна почит што ја заслужува во одреден момент – и се зборуваше да го направат тоа на Еми наградите следната година“.
Почитуваниот актер беше пронајден мртов во неговото џакузи на 28-ми октомври на 54-годишна возраст.
Откривањето на причината за смртта е одложено во очекување на резултатите од токсиколошкиот извештај.
„Сите би сакале да се соберат на сцената, да зборуваат за него и да има посебен сегмент каде секој поединечно ќе споделува спомени за починатиот актер и ќе му опише на светот каков бил човекот во реалниот живот“, објаснил изворот и додаде:
„Доколку сите се согласат и добијат дозвола од неговото семејство, тие сигурно ќе се соберат за да ја направат оваа вечер посебен момент за Метју и сите кои го сакаа“.
75-тото доделување на Еми наградите треба да се одржи на 15 јануари во Лос Анџелес.
Да потсетиме дека Метју Пери беше номиниран за пет Еми награди за време на неговиот живот.