Познати Среќно!

Прекрасна Турчинка му кажа ДА на македонскиот пејач Пандилоски: Нивната приказна е доказ дека љубовта не познава граници

На радост на македонската публика, иако музичката кариера ја стави на пауза поради преселбата, Пандилоски не е во план да се откаже од неговата прва љубов – музиката. 

Прекрасна Турчинка му кажа ДА на македонскиот пејач Пандилоски: Нивната приказна е доказ дека љубовта не познава граници

Македонскиот пејач Перо Пандилоски се ожени со својата сакана Дениз.  Таа е прекрасна Турчинка со потекло од Мерсин.

Судбоносното ДА го изговорија на 8-ми септември, на Плаошник во Охрид. Дениз го зеде презимето Пандилоски.

Нивната приказна е доказ дека љубовта не познава граници. Македонецот и Турчинката се запознале во Германија, а заедно се година ипол. Таму започнала нивната љубов, па заедно дојдоа во Македонија да се заколнат на вечна љубов. Со заедничкиот живот ќе продолжат во Германија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во Германија Перо работи како ИТ инженер, а неговата сакана е медицинска сестра. Токму таа е негова најголема поддршка, како приватно, така и на службен план.

На радост на македонската публика, иако музичката кариера ја стави на пауза поради преселбата, Пандилоски не е во план да се откаже од неговата прва љубов – музиката.

Најавува враќање на македонската музичка сцена, снимање на нови песни, а сето тоа, секако, со голема поддршка од неговата сопруга.

 

To top