Познати

Последната желба на Бора Чорба ќе биде исполнета, еве каде ќе биде погребан

Последната желба на Бора Чорба ќе биде исполнета, еве каде ќе биде погребан

Бора Ѓорѓевиќ почина денеска во Љубљана, а ќе биде погребан во родниот град, потврди градоначалникот на Чачак.

Во прошталните зборови што Милун Тодоровиќ, градоначалникот на Чачак, му ги упати на својот пријател Бора Ѓорѓевиќ, стои и исполнувањето на последната желба на прославениот рокер, кој треба да биде погребан во родниот град.

Првиот човек Чачак и Бора се долгогодишни пријатели.

– Не’ напушти легендата на рокенрол сцената на нашата Србија и регионот, маестрален и ненадминат музичар, текстописец и фронтмен на најголемиот рок бенд Рибља Чорба. На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, икона на Чачак и човек кој за четири и пол децении музичко творештво остави неизбришлива трага во срцата на сите генерации. Откако одамна стана бесмртен за своите Чачанци, тој се вброи во редот на најголемите легенди што ги родил овој град. Драг Боро, драг пријателе, ти благодарам за секоја строфа и секој такт со кој пораснав. Ти благодарам за секој совет и добар збор, а најголема благодарност за тоа што ме сметаш за пријател. Ти ветувам во мое име и во името на сите Чачанци, а тоа веќе го знаеш, дека никогаш нема да бидеш заборавен – рече Милун Тодоровиќ.

Тој додаде дека Чачак наскоро ќе има улица што ќе го носи името на Бора Ѓорѓевиќ, како што рече: „Улица по која ќе чекорат некои нови, идни генерации, учејќи стихови и тонови кои никогаш нема да исчезнат од нивните сеќавања“.

– Ќе ти се исполни последната желба да бидеш погребан во родниот град и како што и самиот кажа, ќе се вратиш на падините на Јелица за да останеш засекогаш во Чачак – рече Тодоровиќ.

To top