Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша објави нови фотографии на својот Инстаграм и најблаго речено ги „запали“ мрежите.
Пејачката е една од најстилските јавни личности не само во Србија, туку според мислењето на многумина, и во светот. Секогаш автентична и уникатна, нејзините стилови се копирани дури и од најголемите имиња во модната индустрија.
За тоа сведочи и нејзиното неодамнешно појавување на најочекуваната ревија на Модната недела во Париз, а Јелена чекореше рамо до рамо и се прошета на пистата со многу светски ѕвезди, меѓу кои и Геогрина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо.
View this post on Instagram
Јелена Карлеуша беше ѕвезда на Модната недела во Париз, а по враќањето во Белград продолжи да доминира на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Јелена отсекогаш ги следела светските трендови, а сега објави видео и фотографии каде позира пред камера во црни каиши и ленти кои ги покриваат само нејзините интимни делови. Комбинацијата ја комплетирала со црни ракавици со исти каиши, како и со црна шубара на главата.
„Кралица на Србија“, „Најзгодна“, „Кога жената носи каиш и повторно е најубава“, „Светот те чека“, „Каква жена, од друга планета“, се само некои од коментарите на корисниците на мрежата кои истакнуваат дека овој пат таа го „запалила“ интернетот.