Познати Проблеми за пејачката

Поради ОВАА причина Северина остана без старателство, еве зошто е прогласена за несовесна мајка

Ваквата одлука на Врховниот суд е донесена единствено затоа што во 2019 година, кога детето било трето одделение, не одело на училиште 46 дена, туку било на турнеја на Северина.

Поради ОВАА причина Северина остана без старателство, еве зошто е прогласена за несовесна мајка

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на малолетниот Александар Поповиќ на неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ, што значи дека целосно и е одземено старателството на хрватската пејачка Северина.

Откако Жупанискиот суд во Сплит донесе одлука во август 2021 година старателството на малолетниот Александар да го подели меѓу таткото Милан Поповиќ и мајката Северина Вучковиќ, новата пресуда на Врховниот суд открива дека Поповиќ повторно го презема целосно старателството без да го дели тоа со мајката Северина.

-Ваквата одлука на Врховниот суд е донесена единствено затоа што во 2019 година, кога детето било трето одделение, не одело на училиште 46 дена, туку било на турнеја на Северина, па таткото, подоцна, кога детето било кај него, се ангажирал за момчето да не падне одделение, вели изворот на српските медиуми.

Се наведува дека кога сето тоа го разгледа Основниот суд, пет судии едноставно гласаа дека нема друга опција.

-На Северина не и беше целосно одземено старателството, но судот и ги намали деновите на пејачката. А зошто судот го ограничи времето кога таа ќе биде со детето? Само затоа што  советот од пет судии оценил дека Северина била несовесна мајка затоа што не го однела синот на училиште цели 46 дена, заклучува изворот.

Инаку, од пресудата се гледа дека никој од вештаците во случајот Поповиќ-Вучковиќ не бил сослушан, туку судот ги поседувал писмените наоди и мислења на вештакот. Обвинителот немаше забелешки на истото, а обвинетиот се спротивстави на наодот и мислењето, што секако влијаеше на расплетот на овој случај.

To top