Братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Драган е погребан денеска откако пред два дена го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Во родниот Брестач се собраа голем број роднини, пријатели и колеги на Дарко и семејството Лазиќ, за да му оддадат последна почит на починатиот брат на пејачот.
Болните лелеци на мајката одекнуваа додека тажната поворка се движеше кон локалните гробишта.
Дарко, придружуван од сопругата Катерина и пријател, се движеше зад белиот ковчег со телото на брат му постајано допирајќи го и зборувајќи му.
– Одиш кај татко ти, брате. Тато, го носиме син ти, да се грижиш за него, да го чуваш. Милан, грижи се за него. Не требаше да бидеш на тоа место, јас требаше. Не го заслужуваш тоа – говореше Дарко низ солзи.
Таткото на Дарко, Милан почина пред неколку години како последица од компликации по операција за намалување на желудникот.
На денешното испраќање на Драган, присуствуваа над 500 лица, според извештаите на српските медиуми.