Српската пејачка која се прослави со учеството во „Ѕвездите на гранд“, Александра Тадиќ Ципка е во шок и неверување по смртта на нејзиниот сопруг на 52 годишна возраст.
Парот во тајност се венчаше пред помалку од две години, а во јавноста криеја за својата емотивна врска се додека медиумите не дознаат, а потоа постојано споделуваше фотографии од заедничкиот живот на социјалните мрежи.
Тие во врска биле повеќе од една деценија, а Небојша цело време вложувал во нејзината кариера, а живееја заедно во луксузен стан чија врата неодамна ја отвори за медиумите.
-Не се омажив набрзина, не верував дека животот ќе ми се промени толку многу по изговарањето на судбинското „ДА“. Секако дека мојот сопруг го има последниот збор во нашиот дом, изјави неодамна пејачката.
Таа пред камерите искрено открила и дека обожува да сјае се во домот, па додека има време чисти постојано.
-златната боја ја обожувам, затоа се потрудив во станот да доминираат неколку бои, па дури и тоалетната шолја ми е во златна боја (се смее). Сакам да ги следам трендовите така и го опремив станот, инаку се е италијанска керамика, изјави тогаш таа.