Познати

Почина Софи Кинсела (55), авторката на серијалот „Шопингхоличарка“

На Кинсела, чие вистинско име е Мадлен Софи Викам, во 2022 година и беше дијагностицирана со агресивен тумор на мозокот.

Почина Софи Кинсела (55), авторката на серијалот „Шопингхоличарка“

Британската писателка Софи Кинсела — светски позната по популарниот серијал романи „Шопингхоличарка“ — почина на само 55 години, а веста за нејзината смрт ја потврди семејството.

На Кинсела, чие вистинско име е Мадлен Софи Викам, во 2022 година и беше дијагностицирана со агресивен тумор на мозокот.

Во соопштението објавено на нејзиниот Инстаграм-профил, семејството наведува дека писателката починала спокојно, покрај своите најблиски.

Семејството ја опиша Кинсела како личност со исклучителна животна енергија и храброст.

„Не можеме да го замислиме животот без нејзината блескавост и љубов кон животот. И покрај болеста, која ја поднесуваше храбро, Софи се чувствуваше благословена поради семејството, пријателите и успехот што го постигна. Ќе ни недостасува неизмерно“, се додава во соопштението.

Нејзината најнова книга „What Does It Feel Like?“ беше објавена во октомври минатата година. Кинсела е позната и по романите „Знаеш ли да чуваш тајна?“ и „Совршена недомаќинка“ — дела кои се особено популарни меѓу читателите. Сепак, најголема светска слава ѝ донесе серијалот за шопингхоличарката Беки Блумвуд.

Првите два романи од серијалот беа адаптирани со филмот „Исповести на една шопингхоличарка“ од 2009 година, со Ајла Фишер во главната улога. Делата на Кинсела се продадени во повеќе од 45 милиони примероци во над 60 земји и се преведени на повеќе од 40 јазици.

Најнови вести од Познати

To top