Познати Добива „одлична нега“

Писателка Софи Кинсела се лекува од рак на мозокот

Писателката чие вистинско име е Медлин Софи Викам, е можеби најпозната по серијата книги „Шопахолик“ (Shopaholic).

Писателка Софи Кинсела се лекува од рак на мозокот

Британската писателка Софи Кинсела објави дека ѝ бил дијагностициран рак на мозокот. Таа на Фејсбук напиша и дека добива „одлична нега“ при лекувањето.

-Кон крајот на 2022 година ми беше дијагностициран глиобластом – облик на агресивен рак на мозокот. Не сакав да го откријам тоа јавно, бидејќи сакав моите деца да имаат време да ги дознаат и обработат вестите во приватност и да се прилагодат на нашата „нова нормалност“, напиша таа.

Писателката чие вистинско име е Медлин Софи Викам, е можеби најпозната по серијата книги „Шопахолик“ (Shopaholic).

Во известувањето таа вели и оти била подложена на хемотерапија и радиотерапија, што сѐ уште се во тек. На крајот, им се заблагодари на читателите за „прекрасниот одѕив“ за нејзиниот последен роман „Прегор“ (The Burnout) што излезе од печат лани, и за тоа што обожавателите не ја оставиле да се чувствува осамена по таа сериозна дијагноза.

Најнови вести од Познати

To top