Актерот Небојша Чолиќ, најпознат по својот лик „Фико Босанецот“ од серијата Курсаџии, почина денес на 68-годишна возраст.
Чолиќ е роден во 1957 година во Сараево, каде го завршил драмското студио во класата на професорот Рејхан Демирџиќ. Првиот професионален ангажман го имал во 1980 година во Народниот театар во Ужице, а во сезоната 1984/1985 година настапувал и во Народниот театар во Суботица.
Од 1993 година бил член на театарот КПГТ во Белград, а од 1997 година работел како независен уметник, оставајќи траен белег на сцената и во сеќавањето на публиката.