Раперот и пејач Конрад Томсон, познат како MC Konrad, кој направи големи хитови со звуците на тапан и бас во текот на деведесеттите, почина на 52-годишна возраст.
Тој остави неизбришлива трага во светот на D&B музиката. Оваа вест растажи многумина, а неговата агенција ги потврди тажните информации.
„Еден од најпрепознатливите и најсаканите гласови во D&B, тој остава зад себе непроценливо наследство“, велат од неговата агенција Clinic Talent.
-Причината за смртта се уште не е позната, пишува „Гардијан“.