Познати

Почина мајката на Бред Пит

Џејн Ета Пит, мајка на Бред Пит, почина на 85-годишна возраст. Внуката Сидни сподели емотивна објава што трогна многумина. Џејн беше несебична и полна со љубов кон своето семејство.

Почина мајката на Бред Пит

Џејн Ета Пит, мајка на познатиот холивудски актер Бред Пит, почина на 85-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја сподели на социјалните мрежи нејзината внука Сидни, ќерка на братот на Бред, Даг, во емотивна објава што трогна многумина.

– Не бевме подготвени да си одиш, но помислата дека сега можеш повторно да пееш, танцуваш и сликаш барем малку ја ублажува болката – напиша Сидни покрај фотографиите со својата баба.

Таа нагласи колку Џејн била несебична, полна со љубов и посветена на своето семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Pitt (@pidney)

-Ме научи како да сликам, како да бидам силна, како да бидам љубезна, како да го сакам Исус низ сè и како да наоѓам радост во малите нешта, напиша Сидни.

Џејн Ета Пит беше поранешна семејна советничка и позната по своите силни семејни вредности, кои им ги пренесе на своите деца.

Семејството на познатиот актер сè уште не дало официјална изјава во врска со нејзината смрт.

Најнови вести од Познати

To top