Пејачката Џин Најт, позната по хитот „Mr. Big Stuff“ почина на 80 годишна возраст.
-Наследството на Џин Најт не е само музичко; таа е доказ за трајната љубов меѓу уметникот, нејзиниот роден град и нејзините обожаватели, се вели меѓу другото во изјавата на нејзиното семејство, а пренесува TMZ.
Џин починала од природна смрт.
Во 1971 година се прослави со хитот Mr. Big Stuff, кој беше број 1 на топ-листата за соул синглови на Билборд пет недели, а потоа стигна до 2. место на Billboard Hot 100. Тоа беше и саундтрак на бројни серии и филмови.
Некои од нејзините други значајни синглови се My Toot Toot, You Think You’re Hot Stuff, Carry On, Helping Man, Do Me, Jesse Joe (You Got to Go)…