Познати Тажна вест

Почина басистот Маринко, основач на групата Нови фосили

Својот прв бенд го формирал на 15 години, а музиката му станала животна патека.

Почина басистот Маринко, основач на групата Нови фосили

Маринко Колнаго, басист и еден од основачите на легендарниот бенд Нови фосили, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување.

Легендарниот југословенски бенд се повлекува од сцената по пет децении: „Не звучи убаво кога велиш ова е збогум“.

-Драги пријатели, со голема тага објавуваме дека нашиот добар и драг Маринко, не напушти. Неизмерно ќе ни недостига. Маринко, ти си засекогаш во нашите срца, стои во објавата.

Маринко е роден во 1942 година. Маринко порасна во креативно семејство. Неговата мајка Зора, Русинка од Санкт Петербург, била балерина и кореограф, додека неговиот татко Феранте Колнаго, Италијанец од Сплит, бил успешен фудбалер на Хајдук и југословенски репрезентативец. Семејството често се селело, а по војната живеело во Задар.

Откако неговите родители се развеле, тој со мајка му се преселил во Вараждин. Како што истакна, музичкиот ген го наследил од својот дедо Александар Герасимов, виолинист, а подоцна и видеограф, фотограф и режисер.

Својот прв бенд го формирал на 15 години, а музиката му станала животна патека.

To top