Јавноста беше изненадена од веста дека почина 11-месечната внука на раперот Снуп Дог.
Имено, ќерката на Снуп, Кори Бродс, објави дека го изгубила своето дете, наведувајќи дека „ја изгубила љубовта на својот живот“.
Кори ова го објави на Инстаграм, наведувајќи дека нејзината ќерка е родена три месеци порано во февруари минатата година и починала во понеделник, 26 јануари, 20 дена откако била отпуштена од Одделот за интензивна нега за новороденчиња.
Нејзиното бебе поминало месеци во одделот за интензивна нега за новороденчиња, но било отпуштено порано во новата година. На 6 јануари, Кори објави фотографија од нив на Инстаграм со натпис: „Таа е дома“, изразувајќи благодарност за молитвите на нејзините обожаватели: „Бог ги слушна сите“, напиша таа.

Сепак, во сабота, 31 јануари, таа објави црно-бела фотографија на која ја држи својата ќерка со натпис:
– Во понеделник ја изгубив љубовта на мојот живот. Мојата Коди, напиша Кори во објавата.
– Јас сум најтажната личност откако не напушти Коди. Но, знам дека си во мир. Тато ќе те сака засекогаш, објави нејзиниот сопруг на Инстаграм.