Познати

ПО ЕДНА ГОДИНА: Позната причината за смртта на Шинејд О’Конор

ПО ЕДНА ГОДИНА: Позната причината за смртта на Шинејд О’Конор

Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина од хронична опструктивна белодробна болест и астма, покажа обдукцијата.

Една година по смртта на познатата ирска пејачка О’Конор, објавени се резултатите од обдукцијата.

Деталите во потврдата за смртта, која првпат ја објави Irish Independent, откриваат дека пејачката починала од хронична опструктивна белодробна болест и астма во комбинација со лесна инфекција на долните дишни патишта. Некрологот беше објавен минатата недела во Лондон од првиот сопруг и близок пријател на пејачката Џон Рејнолдс.

О’Конор, 56-годишната пејачка, почина на 26 јули минатата година кога полицијата ја пронашла во несвест во нејзиниот дом во јужен Лондон. Дури и тогаш објавија дека полицијата не открила никакви сомнителни околности околу нејзината смрт, пренесува Гардијан. Во јануари оваа година и судскиот вештак потврди дека пејачката починала од природна смрт.

Таа стекна светска слава со хит песната Nothing Compares 2 U, која беше објавена во 1990 година, а напишана од Принс.

Шинејд О’Конор има издадено 10 студиски албуми, пишува The Irish Times. Nothing Compares 2 U беше прогласен за број еден сингл во светот од Билборд музичките награди во 1990 година.

Најнови вести од Познати

To top