Познати Поминала низ голгота

По борбата за живот: Оља Карлеуша најде спас во молитвите

Да потсетиме, Оља своевремено проговори за лошата здравствена состојба и истакна дека најголема поддршка и дало семејството.

По борбата за живот: Оља Карлеуша најде спас во молитвите

Пејачката Оља Карлеуша долго беше дел од музичката сцена, но нагло се повлече.

Подоцна открила дека причината за тоа е од медицинска природа, бидејќи тромб и се откачил од ногата и отишол до нејзините бели дробови.

Оља сега проговори за тоа и откри дека лошата здравствена состојба ја навела да се сврти кон верата и молитвите.

-Секој човек кој имал здравствен проблем знае дека тоа се тешки битки. Никогаш не знаеш по кој пат да одиш, но јас сум вечен оптимист. Мојата вечер започнува со молитви за исцелување на болните, па се ви е јасно. Молитвата е лек. Сакам човек кој верува, верувам во сите религии. Во најтешките ситуации, само верата може да му помогне на човекот, рече Оља, а потоа се наврати на минатото.

-Кога го имав тој здравствен проблем, мислев дали нешто згрешив или тоа е искушение… Не можам повеќе да размислувам за тоа, сакам да продолжам да живеам нормално, изјави Оља за Блиц.

Да потсетиме, Оља своевремено проговори за лошата здравствена состојба и истакна дека најголема поддршка и дало семејството.

– Мојот сопруг и син ми беа најголеми поддржувачи, а секако и моите родители. Цело време ме чуваа, за да ми се третира болеста на најдобар можен начин. Човекот е благословен кога во такви ситуации го има семејството со себе, гордо изјави тогаш пејачката.

To top