Јана Тодоровиќ еднаш откри зошто решила на јавноста да и се претстави како Јана, а не со вистинското име.
Пејачката важи за една од најпопуларните фолкерки. Иако на јавната сцена е присутна речиси повеќе од три децении, ретко кој знае како е вистинското име.
Јана всушност се вика Драгана, но како што еднаш истакна таа го смени името бидејќи во тоа време имаше многу успешни пејачки со исто име.
Тодоровиќ завршилa средно музичко училиште во Приштина, а со пеење започналa на 14 години. По објавувањето на својот прв албум во 1992 година, кој не беше популарен и не се слушаше, Јана реши да прифати работа како професорка по музика во основно училиште во Косово, но во доцните деведесетти го издаде вториот албум, кој беше подобар. Tогаш пејачката решава да се откаже од кариерата во образованието и целосно да се посвети на музиката.