Во „Ѕвездите на гранд“ изминатиов викенд се случило вистински хаос откако натпреварувачка Милица Костадиновиќ се појавила во издание кое им падна во очи на сите членови на жирито, особено на Ана Бекута која и одржа лекција на младата пејачка.
Пејачката разочарана од неа и порача дека доколку на време ја видела нејзината танга немала да и даде глас.
-Да видов дека од позади носиш гол задник со танга гаќички не би ти дала глас. Не сум за тоа нашите кандидати да се појавуваат така, воопшто не е важно во кој век живееме. Ниту една девојка во иднина нема да го добие мојот глас ако се појави во танга. Милице прости, но таков е мојот став, вели Ана Бекута додека таа се правдала.
View this post on Instagram
Младата пејачка се правдаше велејќи дека се облекла така бидејќи не секој има можност да застане на таа сцена, додека Саша Поповиќ ја тераше Цеца да провери дали навистина носи танга.
-Јас не сум некоја што на сцената ќе се појави во долг црн фустан, како сакате сфатете ме, го фурам мојот фазон и тоа е тоа, рече пејачката.
View this post on Instagram
Таа додава дека сцената е едно, а одењето на кафе во тоа издание е сосема нешто друго.