Анастасија Ражнатовиќ ужива во голема љубов заедно со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, со кој е во брак неколку месеци.
Таа често ги радува своите следбеници со фотографии на својот Инстаграм профил на кои покажува колку го сака Немања. Така сега покажа дека излегле на романтичен состанок со сопругот. И двајцата беа во црна комбинација, но Немања ја “украси“ со тексас јакна со необичен дезен.
Инаку, Анастасија и Немања беа во Белград неколку дена, за да може фудбалерот да игра со српските репрезентативци на натпреварите со кои се квалификуваа за Европското првенство.
View this post on Instagram