На социјалната мрежа Јутјуб се појави бизарна видео снимка на која се тврди дека снимката на која принцезата Кејт Мидлтон зборува за својата здравствена состојба не е вистинска и дека е направена со помош на вештачката интелигенција.
Многу сомнителни работи се појавуваат на видеото, а стотици илјади луѓе го потврдија тоа со свои коментари на различни социјални мрежи овие неколку дена.
Па така се појави и едно видео на Јутјуб на кое се гледа дека принцезата ова парче облека веќе го носела и говорела во него, поточно џемперот, а откриено е и дека ја имала истата фризура во една прилика.
Нај бизарниот детаљ на видеото е прстенот на раката на Кејт кој во еден момент исчезнува, па повторно се појавува на снимката.
Уште една нелогичност е и сенката на клупата кој прави црни линии на нејзиниот џемпер.
Инаку видеото го направил член на Би-Би-Си, а дали е тоа навистина така или и вие се сомневате, заклучете сами.