Канје Вест и Бјанка Ценсори наводно се разведуваат 11 дена по нејзиното разголено појавување на црвениот тепих на Греми наградите, а додека се шират гласини за причините за разделбата, претставник на парот негира дека е крај на бракот.
Кога станува збор за причините за разводот на Канје Вест и Бјанка Ценсори, според Page Six, проблемот настанал поради неговите неодамнешни антисемитски испади на X.
Сепак, претставник на парот излезе со соопштение во кое тврди дека Канје и Бјанка се уште се заедно.
-Је и Бјанка се во Лос Анџелес, се подготвуваат заедно да го поминат Денот на вљубените. Тврдењата за нивниот приватен живот ќе доаѓаат директно од нив, а не од неосновани извори. Дали е ова петти или шести пат медиумите погрешно да пишуваат дека се разведуваат? Не знам повеќе, се вели во соопштението.
Причини за развод
Извор близок до парот тврди дека Бјанка е исцрпена од објавите на Канје, како и од неговата одлука да продава маици со кукасти крстови, објави Page Six.
-Таа беше одлична жена и одличен соработник, помина низ многу луди моменти, но нивниот брак не може да го преживее ова, коментира изворот.
„Ситуацијата стана екстремна“
Наводно Бјанка и претходно ги надминала сличните изјави на раперот, но твитовите во кои тој тврдел дека е „нацист“ и дека „го сака Хитлер“ особено ја вознемириле.
„Ситуацијата стана екстремна“, истакна изворот, додавајќи дека Бјанка не е сигурна како да го „приземји“ Канје и знае дека меѓу нив е готово.
Според извори блиски до парот, 47-годишниот рапер и 30-годишната Бјанка ќе поднесат законска петиција за прекин на бракот во наредните денови.
Бјанка моментално престојува во нивниот луксузен дом вреден 35 милиони долари во Лос Анџелес. По разводот наводно ќе добие пет милиони долари.