Марија Рамадановски, ќерката на легендарниот Џеј Рамадановски, реагираше откако изминатиов период се пишувале неточни информации за нејзиниот починат татко.
Имено, во медиумите во регионот се појавија текстови со тврдења дека фолкерот Аца Лукас финансиски го издржувал нејзиниот татко, што ја налути Марија, па таа веднаш се огласи.
-Па, бидејќи луѓето си дадоа многу право да коментираат за татко ми, само за да бидат на телевизија, јас како негова ќерка морам да проговорам и да кажам дека овој човек изнакажа глупости! Кој го заборавил, кој му дал пари и слично… Да беше Џеј жив, половина од нив немаше да смеат да кажуваат такви лаги, а половина од нив немаше да бидат ни на телевизија, ниту некој ќе ги праша нешто, воопшто! Тоа што јас и сестра ми сме културни и воспитани, па молчиме за се од кога умре тато, не значи дека секој може да се прави паметен и да го оцрни татко ни на кој било начин! Многу луѓе се занесоа и зборуваат за Џеј, а го виделе четири ипол пати во животот, напиша Марија Рамадановски по изјавата на сценаристот Драган Јаковљевиќ и додаде:
„Ајде олади се и оставете го татко ми нека почива во мир! Најди друга причина, направи нешто, занимавај се со нешто, па оди на телевизија, а не да се ку*чиш по името на татко ми“.
Да потсетиме, неодамна се појавија обвинувања дека песната „Недеља“ всушност не ја напишала Марина Туцаковиќ, туку Исо Леро Џамбо.