Денеска се навршуваат 24 години од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Вељко и неговата сопруга Богдана пристигнаа на Новите гробишта нешто по 10:30 часот.
Донесоа мала корпа, без која не доаѓаат на ниту една панихида, а на гробот оставија црвени и бели рози.
Неколку минути подоцна Цеца пристигна во сив капут со сестра и Лидија и ќерката Анастасија.
Цеца донесе огромна солза од бели рози и орхидеи. На комеморацијата Анастасија пристигна од Шпанија. Еден по еден се приближуваа до споменикот на Аркан, се крстија и го бакнуваа.
За потсетување, денеска се навршуваат 24 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој во хотелот „Интерконтинатл“ беше убиен со три куршуми во главата.