Ново возбудливо издание на музичката шоу програма „Ѕвездите на Гранд“ ќе започне со емитување на ТВ Пинк.
Очекувано, членовите на жирито во неколку наврати влегуваа во дискусии, па дури и дебати кога дојде време за оценување на кандидатите. Во еден момент Драган Стојковиќ се побуни бидејќи не му се допадна како гласала неговата колешка од жирито Светлана Цеца Ражнатовиќ и се обидел да влијае на нејзината одлука, но безуспешно.
-Ти или не слушаш или калкулираш, рече Босанец, што ја налути Цеца.
-Нема ти да ми кажуваш, му се обрати таа, а потоа му рече на Саша Поповиќ: „Не разговараме, тој ми се дере“.
Тој не престана да провоцира, но таа не му останала должна.
Погледнете ја најавата за новата емисија