Српскиот пејач Џенан Лончаревиќ се разведува по 25 години брак, објави Телеграф.рс.
Како што дознава медиумот од извор запознаен со целата ситуација во семејството Лончаревиќ, пејачот поднел барање за развод ни помалку ни повеќе туку на роденденот на неговата сопруга, во февруари 2024 година.
– Брза и официјално да стави крај на бракот. Мора тој да се праша за причините… – вели изворот на Телеграф.
Самира и Џенан имаат два сина, а пејачот и неговата сопруга никогаш не се појавиле во јавноста сиве години колку што тој е на јавната сцена.