Кралицата на поп музиката Мадона на социјалните мрежи објави дека го пишува сценариото за филм за нејзиниот живот, но и недостигаат пари.
Сценариото за ова автобиографско дело моментално го носи насловот „Who’s That Girl“.
Филмот го доби името по нејзиниот познат албум од 1987 година, но не треба да се меша со истоимената комедија од 1987 година во која глумеше Мадона, пренесуваат светските медиуми.
Биографскиот филм за Мадона се работеше веќе неколку години, но идејата беше отфрлена минатата година. Сепак, не трајно.
Поп-пејачката тогаш изјавила дека „мизогени мажи“ ја спречуваат да ја раскаже својата приказна.
Минатата година компанијата Universal Pictures објави дека ќе го продуцира филмот, наведувајќи го фактот дека во истата година започнува турнејата на Мадона „Celebration“, со која се одбележуваат 40 години од кариерата на славната пејачка.
Но, тие се уште се заинтересирани за тој проект, кој е ставен во мирување додека не се усогласат нејзините обврски.
Џулија Гарнер, која беше најавена дека ќе ја глуми актерката откако влезе во потесниот избор од голем број кандидати, останува приврзана за филмот.
Мадона пред две години за „Variety“ изјави дека „имала неверојатен живот, затоа филмот мора да биде неверојатен“.
Пејачката тогаш изјавила дека таа лично мора да биде сценарист и режисер на филмот.
– Никој, освен мене, нема да ја раскаже мојата приказна – беше децидна.
Потоа рече дека напишала многу долго сценарио, кое морала да го скрати со голема тешкотија.
– Одбив да го сторам тоа, како да си ги отсеков екстремитетите – рече таа за сценариото кое тогаш имаше повеќе од 180 страници.
Сега, Мадона изјави дека таа и ECW го напишале новото сценарио, алудирајќи на сценаристката Ерин Кресида Вилсон, која се приклучи на проектот откако Дијабло Коди го напушти.