Познати фудбал

Немања Гудељ и Анастасија Ражњатовиќ се селат во Саудиска Арабија: Фудбалерот доби понуда која не може да се одбие

Фудбалерот Немања Гудељ доби дарежлива понуда и сериозна тема за размислување кога е неговата кариера во прашање, пишуваат српските медиуми.

Имено, сопругот на Анастасија Ражњатовиќ добил покана да се пресели во кампот на Ал Шабаб. Многумина се прашуваат дали Гудељ ќе ја прифати оваа понуда да се пресели во Саудиска Арабија со Анастасија Ражњатовиќ.

Инаку, тие сега живеат во Севиља, Шпанија, каде игра Немања, а Ражњатовиќ ужива во животот таму, што секојдневно се прикажува на мрежите, но останува да видиме кој е приоритет на спортистот во моментов.

Да потсетиме, Гудељ еднаш добро наплати на Истокот, кога во 2017 година ја изненади Европа и го напушти Ајакс поради поканата на Тијенџин Теде.

Најнови вести од Познати

To top