Речиси нема некој кој не се сеќава на претставничката на Југославија на Евровизија од 1990-та година Татјана Матијаш Камерон која го изведе легендарниот хит „Хајде да лудујемо“.
По големиот успех во тоа време таа реши да се пресели и да се повлече од јавната сцена, но нејзиниот хит стануваше се поголем и попопуларен низ годините наназад.
Таа настапи на тогашната Евровизија пред точно 34 години, а нејзиниот настап и фустан ќе остане секогаш врежан во меморијата на многумина.
По толку години таа на 5.5.2024 година реши да го облече повторно истиот розов фустан и да им покаже на фановите како изгледа во него по три децении.
Очигледно Тајчи успеала да го задржи нејзиното тело и фигура по толку години…