Јелена Карлеуша важи за една од најпопуларните пејачки не само во Србија, туку и во регионот, а нејзиното име се споменува и во светскиот шоу-бизнис.
Затоа не е воопшто чудно и неочекувано тоа што нејзиното име е едно од најпребаруваните и најгледаните на Тик-Ток во целиот регион.
Кога ќе го пишете името Јелена Карлеуша на оваа социјална мрежа, покажува дека има над 1 милијарда прегледи и пребарувања.
Тоа ја става пејачката на самиот врв на Тик-Ток кога станува збор за целиот Балкан.
Јелена се пофали со овој успех на Инстаграм и гордо ја објави оваа фотографија.