Познати Има ли партнер?

„Нема да ја кажам вистината пред камера“: Цеца откри на која тема ја лаже јавноста

Во љубовта секогаш е за компромиси и нема проблем да признае кога греши.

„Нема да ја кажам вистината пред камера“: Цеца откри на која тема ја лаже јавноста

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ мораше да биде силна во текот на животот, но во љубовта си дозволува да се чувствува како понежниот пол, да биде кревка и да ужива во вниманието и романтиката на емотивниот партнер.

Засега посилната половина ја нема или уште не е подготвена да ја претстави својата љубов во јавноста, па кога е во прашање љубовниот статус, таа не секогаш ја кажува вистината.

-Без разлика дали има додворувачи или нема, јас сигурно нема да ја кажам вистината пред камера. Секој од нас сака да задржи одреден дел од приватноста за себе. Сите сме луѓе и сакаме исти работи, да имаме дел од нашата приватност што го чуваме за себе и што го споделуваме само со таа личност за која се грижиме или со пријателите и семејството, изјави Цеца.

Во љубовта секогаш е за компромиси и нема проблем да признае кога греши.

-Сите ние секогаш мислиме дека во повеќето случаи сме во право. Јас не сум тој профил на личност, дури и кога ќе направам грешка знам да се извинам. Тој збор џабе го нема во речникот. Секако дека сум романтична. Многу сум емотивна, да не бев таква немаше да можам да пеам како што пеам. Романтична сум, емотивна и вљубена, но не ми е гајле, изјави пејачката.

Најнови вести од Познати

To top