Познати

НЕМА ДА И БИДЕ ДОБРО КОГА ЌЕ ВИДИ: Светот се мајтапи со фотографијата на Георгина на која ирански весник со лош фотошоп ѝ го отстрани задникот (ФОТО)

НЕМА ДА И БИДЕ ДОБРО КОГА ЌЕ ВИДИ: Светот се мајтапи со фотографијата на Георгина на која ирански весник со лош фотошоп ѝ го отстрани задникот (ФОТО)

По виралната фотографија со лошиот Фотошоп Георгина објави видео од тренингот со нејзините инструктори по танц.

Георгина покажа со што располага и дека не е „рамна како даска“, откако еден ирански весник одлучи да ѝ го отстрани задникот.

Минатата недела Георгина Родригез го прослави роденденот на нејзиниот партнер Кристијано Роналдо без големи подароци и забави, но за еден ирански весник, и „скромното“ издание на Георгина било премногу провокативно па одлучиле да го преуредат.

Фотошопираната фотографија на Георгина Родригез од роденденот на Кристијано Роналдо стана вистински хит на социјалните мрежи.

Иранскиот весник „Hamshahri“ одлучил да ја преуреди фотката на која Георгина позира со Роналдо и нивните деца пред двете торти што му ги подготви за роденден, но на местото на нејзиниот заоблен задник, може да се види само замачкан дел, кој најверојатно е резултат на лошото користење на алатки за уредување фотографии.

Весникот „The Sun“ ја пренесува изјавата на личност блиска до Георгина која наводно изјавила:

„Таа ќе биде многу вознемирена. Таа работи напорно за да го добие телото што го посакува и многу е горда на сопствените облини. Тоа само покажува колку се изобличени погледите за женското тело во некои делови од светот. Па тоа е само задник“, вели изворот.

Откако фотографијата почна масовно да се споделува на социјалните мрежи, Георгина одлучи на свој начин да им се спротивстви на неистомислениците.

Таа објави видео од тренингот по танцот бачата што го имала во нејзиниот дом во Ријад со нејзините лични тренери.

Во видеото во розови кратки пантолони Георгина ги покажа сите свои облини и уште еднаш докажа дека нејзиниот задник не е рамен, како што сакаат тоа да го прикажат некои весници и да ја цензурираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

To top