Теа Таировиќ, една од најпопуларните млади изведувачи на целиот Балкан, се дружеше со еден од најдобрите грчки композитори Киријакос Пападопулос и најголемата машка грчка ѕвезда, пејачот Никос Вертис.
Имено, Киријакос, кој е и еден од најбараните и најдобрите грчки композитори, беше домаќин на Теа на настапот на Никос во Атина.
Не сакајќи да се крие, Пападопулос се сликаше со Теа и Никос и заедничките фотографии ги сподели на својот Инстаграм профил.
Во описот на објавата имаше само убави зборови за Теа, но најави и нивна заедничка соработка.
-Вчера излеговме на настапот на Никос Вертис со Теа Таировиќ, неверојатна и топ 1 пејачка во Србија, со која ќе соработувам на нови песни, напиша Кирјакос.
Теа со широка насмевка во елегантен фустан позираше покрај еден од најубавите и најпосакуваните ергени во Грција, Никос.
View this post on Instagram