Саша Поповиќ денеска дојде на снимањето на „Звездите на Гранд“ и на насобраните медиуми им откри дека на денешното снимање ќе има многу промени. Водителката Сања Кужет замина на породилно, поради што на нејзино место ќе дојде Ана Севиќ, а освен тоа денеска на снимањето нема да присуствуваат дури двајца членови на жирито, пишува Информер.рс.
– Расположен сум. Имавме пауза од 100 дена. Продолжуваме со малку изменет тим. Ана Бекута нема да снима пет емисии од оправдани причини, а наместо неа ќе дојде Драган Којиќ Кеба, а бидејќи Цеца вечерва доби температура 40, денеска ќе ја замени Ивана Питерс – рече тој и откри дека таквите ненадејни промени не му се ништо ново.
– Човек се навикнува на тоа. Ни се случуваа секакви работи, и добри и лоши… Но, додека седам таму на таа фотелја, сето тоа функционира и оди како што треба.
Саша вели дека прва му паднала на памет Ана Севиќ.
-Кога Сања ми кажа дека е бремена и дека на крајот на февруари ќе биде во петтиот месец, бидејќи тешко ја поднесува бременоста, помислив дека не би било добро да продолжи со емисиите. Ана Севиќ веднаш ми падна на памет бидејќи и порано беше водителка. Прво што ја прашав беше како се децата, како изгледаш – рече тој и откри дали му е важно водителката да и биде позната на јавноста:
– Кога е во прашање водителот не мора да биде толку познат, но кога станува збор за членот на жирито – мора. Без разлика дали е пејач, композитор, текстописец, тој мора да ја познава музиката.