Познати

НЕ САКАЛ НАЦИОНАЛНА И ПОЛИТИЧКА ЦЕРЕМОНИЈА: Испланиран погребот на Ален Делон

Сè е испланирано до последен детаљ, според последната желба на починатиот.

НЕ САКАЛ НАЦИОНАЛНА И ПОЛИТИЧКА ЦЕРЕМОНИЈА: Испланиран погребот на Ален Делон

Како време за погребот, во неделата, семејството на починатата филмска икона Ален Делон, го постави крајот на оваа недела.

Се знае и каде и како ќе биде погребан Делон, а тоа подразбира што поголема заштита од јавноста.

Последниве години, Делон бил огорчен за надворешниот свет, не му се допаѓала насоката во која се движи планетата, а луѓето го разочарале бидејќи немало повеќе херојско, ниту почит кон дадениот збор. Затоа тој се повлекол во изолација, а неговата желба била така да биде испратен на неговото последно патување.

Познатиот актер пред смртта истакнал дека не сака национално збогување и никаква политичка церемонија.

Погребот ќе биде организирани во неговиот имот, околу 130 километри јужно од Париз, во капелата што ја изградил за време на неговиот живот и каде што веќе се закопани неговите мртви кучиња.

Иако обожавателите на Делон се собираат околу портата и оставаат цвеќиња и пораки, Франција, сепак, не можеше да го испрати својот легендарен актер без последно збогување. Најавено е дека, по погребот, ќе биде организирана помала свечена церемонија во присуство на колегите на Делон, што ќе и овозможи на пошироката јавност да се прости од него на овој начин.

Утврдено е и што ќе пишува на споменикот на Делон. Тоа го направил самиот актер. Во неговото последно телевизиско интервју во Франција во 2018 година, Делон рече:

– Често сакав. Понекогаш погрешив. Но, јас сакав. Живеев, а не некое вештачко суштество создадено од мојата гордост и досада, истакна Делон.

To top