Пејачката Лепа Брена ги спакува куферите и отпатува за Монако од каде сега се огласи.
Имено, Брена го објави погледот од станот кој го поседуваат во Монте Карло, а сцената е вистински рај за очи.
Пејачката покажа поглед од милион долари и сув луксуз кој ја опкружува – нема сомнеж дека Брена добро ќе се одмори и ќе ги наполни батериите.
Инаку, Лепа Брена со години поседува стан во Монте Карло и има светски позната соседка, ни помалку, ни повеќе туку „кралицата на попот“ Мадона.
– Брена и Боба Живојиновиќ со години поседуваат имот во Монте Карло, каде што моментално се наоѓаат. Кога завладеа пандемијата, тие се преселија таму бидејќи нивните денови се поубави и поисполнети. Тие познаваат многу луѓе и се чувствуваат како вистински домаќини. Многу познати имиња од деловниот свет купиле недвижен имот во Монте Карло, а меѓу најновите е и Мадона. Таа купила стан до зградата во која е Брена. Нивните станови се дури и со иста квадратура и имаат ист распоред на собите – откри претходно извор за српските медиуми.
– Ја сретнав Мадона во Монте Карло во лифтот. Беше со обезбедување, имаше наочари, жената тргна на џогирање. Велам „погледни ја оваа жена, тоа е истата Мадона“ и на крајот сфатив дека тоа е таа – рекла тогаш Брена.