Познати

На вратот детаљ вреден колку еден стан во Белград: Српската старлета ги остави жените подзинати, се прашуваат со што го заслужила овој подарок (ФОТО)

На вратот детаљ вреден колку еден стан во Белград: Српската старлета ги остави жените подзинати, се прашуваат со што го заслужила овој подарок (ФОТО)

Српската старлета Сораја Вучелиќ е позната по тоа што живее „на висока страна“, често посетува луксузни дестинации и купува брендирана гардероба. Старлетата не жали што потрошила пари на фустани, накит, чевли и чанти.

Сораја е активна на социјалните мрежи и редовно споделува со своите следбеници како го поминува слободното време.

Сораја во моментот се наоѓа во Дубаи, каде што ужива да го поминува времето со својот син. Посетува познати ресторани и хотели, а сега сподели фотографија од вечера во луксузен ресторан со прекрасен поглед.

Покрај погледот на познатиот Бурџ Калифа, на фотографијата сите го забележаа и накитот што го носи Сораја. Таа на себе има ѓердан кој вреди цело богатство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

Ѓерданот е со потпис на еден најпознатите светски луксузни брендови „Булгари“ и е многу скап. Неговата цена е неверојатни 80.000 евра, како што е наведено на официјалната веб-страница на добро познатиот бренд. За тие пари може да се купи стан во Белград.

Покрај скапоцениот ѓердан, Сораја стајлингот го комплетираше со големи обетки и скапа чанта со златна рачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara 🧿 (@sorajavucelic)

To top