Познати

„На сите им дадов до знаење дека тоа не го јадам“: Меланија Трамп овој оброк не сака да го види со очи

„На сите им дадов до знаење дека тоа не го јадам“: Меланија Трамп овој оброк не сака да го види со очи

Поранешната и сегашна прва дама на Америка, Меланија Трамп, во своите мемоари откри кое јадење никогаш нема да се најде на нејзиното мени, особено кога е на патување.

-Им кажав на сите дека не јадам сирова риба, рече Меланија, потсетувајќи се на официјалната посета на Јапонија со сопругот Доналд Трамп, кога на вработените им нагласи дека не сака да види суши на нејзината маса.

-Се обидувам да ја пробам локалната кујна секогаш кога е можно. Таа вечер во Токио, оброкот беше одличен микс на вкусови и текстури и беше најдоброто претставување на јапонската кујна. Ги задоволи моите преференции, напиша Меланија.

Познато е дека првата дама се грижи за исхраната но, како што самата кажа, никогаш не држи диета.

Своевремено во интервју за „GQ“ изјавила дека утрото го започнува со смути или овесна каша. Исто така изјавила дека јаде најмалку седум овошја во текот на денот, но јаде и слатки, а понекогаш се почестува и со чоколадо, сладолед или кока-кола.

„Немам некоја посебна закуска која секогаш ја јадам. Ако ми се јаде, ќе грицкам овошје или чоколадо. Мислам дека тоа е она што му треба на телото. Ги балансирате тие работи со здрава исхрана“, рече таа еднаш.

Како што понатаму истакнала, нејзиниот ручек главно се состои од салати, а за вечера избира месо и зеленчук. Она што е исто така клучен фактор за нејзината витка линија е здравата навика да внесува многу точност во текот на денот, како и никогаш да не претерува со мрсна или калорична храна.

Нејзината дневна рутина вклучува и секојдневно вежбање – покрај редовните утрински тренинзи, таа се занимава и со пилатес и често игра тенис, а рекла дека овие вештини и помогнале да се врати во форма по породувањето.

To top