Познати MK Tickets

На 8-ми мај: Хуманитарен концерт на Тамара, ова се деталите

Да останеме силни, да бидеме хумани и солидарни.

На 8-ми мај: Хуманитарен концерт на Тамара, ова се деталите

На 8-ми мај, во Младинскиот културен центар (МКЦ), од 20:00 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт на Тамара Тодевска, во спомен на починатите граѓани во трагедијата во Кочани, а со цел да се соберат средства за оние кои се лекуваат во Македонија и во европските земји.

Картите можат да се набават од денеска преку мрежата на MK Tickets.

Тамара Тодевска заедно со својот бенд се подготвува за претстојниот хуманитарен концерт за поддршка на семејствата на починатите граѓани во Кочани, како и на оние лице кои сѐ уште се лекуваат во Македонија и во европските земји.

-Хуманитарниот концерт за Кочани ќе биде едно поинакво доживување од сите претходни мои концерти, настапи на кои сте присуствувале. Сакаме да создадеме една поинаква, интимна вечер која на достоинствен начин ќе оддаде почит на сите жртви од трагедијата во Кочани, но и ќе се потсетиме на врвните наши уметници, мои колеги и пријатели кои прерано си заминаа од овој свет…, посочува Тамара во својата објава.

Да останеме силни, да бидеме хумани и солидарни.

To top