И покрај тоа што неговото богатство се проценува на пет милијарди долари, јутјуберот MrBeast неодамна откри дека неговата мајка ќе помогне во плаќањето на неговата свадба.

Имено, тој откри во подкастот на Стивен Бартлет „Дневник на извршен директор“ дека е милијардер само „на хартија“ и дека има помалку од милион долари на својата банкарска сметка.
-Имам помалку од милион долари на мојата вистинска банкарска сметка. Иронично, всушност позајмувам пари од мајка ми за да ја платам претстојната свадба, но секако, на хартија, компаниите што ги поседувам вредат многу, рече тој.
View this post on Instagram
Претходно тој објасни дека „има многу малку пари затоа што инвестира сè“. Исто така, откри дека изгубил милиони долари обидувајќи се да ја објави својата емисија „Игри на ѕверови“ на Amazon Prime.
MrBeast чие вистинско име е Џими Доналдсон, ѝ предложи брак на својата девојка Теа Бујсен во нивниот дом минатата година.
Двојката се запознала преку заеднички пријател во 2022 година во Јужна Африка, од каде што е Бујсен.
Истата година, тие ја официјализираа својата врска на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Никелодеон Кидс Чојс“.