Познати

„Можеш да ја извадиш девојката од село, ама селото од неа не можеш“ – жените удрија по девојката на Роналдо по оваа комбинација (ФОТО)

„Можеш да ја извадиш девојката од село, ама селото од неа не можеш“ – жените удрија по девојката на Роналдо по оваа комбинација (ФОТО)

Георгина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, редовно привлекува внимание со своите објави на Инстаграм.

На нејзиниот инстаграм-профил ја следат повеќе од 50 милиони луѓе, но често добива критики поради тоа што го потенцира луксузниот начин на живот и скапоцените модни додатоци. Таа нема свој стилист и се облекува според сопствениот моден вкус.

Неодамна споделила фотографија на која позира во сако „Гучи“, фармерки и бели чевли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Во описот на објавата само напишала „Среќничка“, бидејќи по своите две фотографии, објавила и кратко видео од Роналдо како дава гол, па според тоа, може да се претпостави дека сакала да покаже колку е среќна што го има покрај себе како партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Една нејзина следбеничка отишла толку далеку со својот коментар што нејзиниот стил го нарекла „селски“.

„Можеш да ја извадиш девојката од селото, но не можеш да го извадиш селото од девојката“, напишала таа.

Некои коментирале и дека крајно време е да најде човек кој би ѝ помогнал да го изгради стилот, но на прилично некултурен начин.

„Најди си личен стилист!“, напишала уште една корисничка на социјалната мрежа Инстаграм.

Во една пригода, Георгина проговорила за честите негативни коментари што ги добива, па изјавила:

„Па, што ако сакам да носам луксузен накит и тренерка. Мене тоа ми се допаѓа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

To top