Атрактивна, сексапилна, привлечна, пожелна, неодолива… Во времето кога работеше на телевизија љубителите на домашните миленици, а и оние на убавите ТВ водителки не ги тргаа погледите од своите телевизори. Првите заради нејзиното умеење и познавање кое го презентираше во веројатно најгледаното домашно ТВ шоу од ваков вид, легендарното „Пет шоу“, а вторите заради нејзината фатална привлечност со која зрачеше дури и преку ТВ екраните.
Иако со години не беше на телевизија и до ден денес остана дури и многу попозната јавна фаца од некои кои секојдневно ги гледате на ТВ.
Понекогаш контроверзна, понекогаш скандалозна, ама секогаш своја, достојна на своите принципи и начин на живот. И тогаш кога јавноста се обидуваше да ја распне и тогаш кога мноумина осудуваа, таа остана верна на себе и своите уверувања, дека попрво би умрела од страст отколку од досада!
ТВ екраните ги замени со социјалните мрежи каде неретко го споделува сиот свој телесен раскош, со кој и многу од помладите не би се осудиле да се носат. Но го споделува и начинот на живот, честите патувања, егзотичните дестинации, како и сите оние мигови од животот кој се’ уште го живее со полни гради.
За нејзините пријатели и непријатели, за некогашните ТВ ангажмани и идните планови, за ТВ професијата која ја прослави и оваа новата, инфлуенсерството со кое многумина сакаат да станат славни преку социјалните мрежи, за аферите и трачевите, за озборувањата и квалификациите, за стравот од стареење или гордоста на годините, за животот и ноќните забави во она и ова време.
Целото гостување на Мелита во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, погледнете го во продолжение: