Познати Свршувачката е прекината

Меган Фокс откри дека повеќе не е со Машинган Кели: Интима да, свадба не

– Не можам со сигурност да кажам колкав ќе ни биде капацитетот, но секогаш некако ќе бидам поврзана со него. Освен тоа, не сум подготвена да објаснувам, рече Меган.

Меган Фокс откри дека повеќе не е со Машинган Кели: Интима да, свадба не

Романсата на Меган Фокс со канадскиот музичар беше предмет на многу гласини поради судирот меѓу нив двајца, којшто таа и официјално го потврди во новата интернет-емисија на Алекс Купер. Глумицата, имено, навести оти „интимно, сѐ уште може да има нешто меѓу нив“, но потврди дека свршувачката е прекината.

-Она што го научив околу оваа врска е дека таа не е за пред јавноста. Така што, мислам дека засега немам коментар за статусот на оваа врска, изјави Фокс.

Таа сепак призна дека раперот сè уште е нејзина сродна душа, со кого секогаш ќе има поврзаност, без разлика на сè.

-Не можам со сигурност да кажам колкав ќе ни биде капацитетот, но секогаш некако ќе бидам поврзана со него. Освен тоа, не сум подготвена да објаснувам, рече Меган.

На забелешките дека телото на Фокс е „постојано под лупа“, како и промените во тој поглед, но и во интерес на транспарентноста – против предрасудите кон женското тело, Меган ги наведе естетските зафати што ги имала и немала последниве години. Имено, глумицата потврди три зголемувања на градите, ринопластика, ботокс и филери.

На листата „лажни вести“ таа ги вклучи: „Фејслифтинг“, странично подигнување на веѓите, редовно подигнување на веѓите, отстранување телесни маснотии, липосукција, контурирање на телото и „бразилско подигнување на задникот“.

-Колку повеќе ја преземав контролата над моето тело и ги правев работите што отсекогаш сум сакала да ги направам, толку поудобно ми е во телото. Во поглед на операциите, тоа и не е толку многу… Мојот страв од општа анестезија „дестимулирачки спас“ и благослов, додаде Фокс.

Фокс истакна дека тие постапки секогаш се ризични и опасни, и секој треба да биде многу внимателен и темелно да истражи пред да се реши на таков оперативен потфат. (МИА)

To top