Познати

МАТУРСКИОТ ФУСТАН НА ЦЕЦА ПОВТОРНО ХИТ МЕЃУ МАТУРАНТКИТЕ – убав е, но им стои само на оние со тело како пејачката на 18 години (ФОТО)

МАТУРСКИОТ ФУСТАН НА ЦЕЦА ПОВТОРНО ХИТ МЕЃУ МАТУРАНТКИТЕ – убав е, но им стои само на оние со тело како пејачката на 18 години (ФОТО)

Матурскиот фустан на Цеца Ражнатовиќ сѐ уште е во тренд.

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ ги диктираше модните трендови пред триесетина години, како и денес. А за тоа сведочи и нејзиниот фустан во кој се појави на матурска прослава пред повеќе од триесет години.

Матурскиот фустан на Цеца Ражнатовиќ, како што може да се очекува, бил најубав во Житораѓа таа година.

Иако на деветнаесет години веќе беше голема пејачка ѕвезда, родителите на Светлана не ѝ дозволиле да го запостави образованието, па матурирала со своите школски другари.

Матурскиот фустан на Цеца ги воодушевил сите што имале можност да го видат, а многу жители од родниот град дошле пред ресторанот во кој се одржувала прославата само за да ја видат пејачката.

Цеца, тогаш сè уште Величковиќ, беше голема ѕвезда, но не сакаше особено да се истакнува меѓу другарките од училиште, но тоа беше невозможно.

Пејачката носела впечатлив циклама фустан и подеднакво впечатливи позлатени обетки, кои беа незаменлив накит во тие години.

Најнови вести од Познати

To top