На првото издание на регионалниот музички фестивал на медитеранска, поп и забавна музика „Бисер на Јадранот“ на 29-ти јуни“ во Тиват ќе слушнеме 25 изведувачи.
Меѓу нив двајца Македонци – Мартинијан Кириловски и Ана Петановска.
Талентираниот Мартинијан со своите настапи надвор од нашите граници веќе многу пати ја направи горда македонската публика. Очекувањата се големи, песната е подготвена.
Во изјава за Курир, тој ги откри своите емоции пред значајниот настап.
-Настаните како музичките фестивали се прекрасни места каде што луѓето се собираат да уживаат во различни стилови на музиката. За мене можноста да настапам на првото издание на регионалниот музички фестивал на медитеранска, поп и забавна музика „Бисер Јадрана“ во Тиват, Црна Гора ќе биде неверојатно искуство. Тоа би ми овозможило да ги споделам своите емоции и идеи, креативност и знаења со публиката, да ги инспирирам и забавувам луѓето присутни на фестивалот, и истовремено да се поврзам со други колеги, музичари и креативци од регионот. Воедно, би ми било задоволство да ја најавам мојата нова песна „ЗМАЈ“ која ќе биде на српски јазик, чии автори се Елена Ристеска и DJ Todd Haze, а која ќе биде промотивно изведена на самиот фестивал. Со нетрпение чекам да го искусам тамошниот воздух на фестивалската атмосфера и да ја претставам Република Македонија онака како што најдобро знам. На крајот кога ќе помножите и поделите, секоја работа која е изработена со љубов, знаење и чесност, самата по себе би држела висок рејтинг, рече пејачот за Курир.
На најдобрите изведувачи и автори ќе им бидат обезбедени вредни награди во вкупен износ од 10.000 евра.