Поп ѕвездата Марија Шерифовиќ пред точно една година го доби синот Марио, роден од сурогат мајка.
Марија често на социјалните мрежи покажува колку ужива во мајчинството, а денеска сподели емотивна објава по повод првиот роденден на нејзиниот син.
„Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакував и се упатив кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World“ – напиша Марија.
– Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа вечер. Дека ѕвездите никогаш не светеле посилно. Тргнавме да ти посакаме добредојде на светот, малечок мој, најубав. Ме прашуваат синко, дали мојот живот се промени? А не знам ни како да им објаснам колку се смени… Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители… И не ми останува ништо друго, освен да се прашувам до последен ден што направив за да те заслужам тебе, таква совршена личност. Среќен роденден сине мој. Те сакам, истакна пејачката.
View this post on Instagram