Синот на најпознатата српска пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, Вељко Ражњатовиќ кој со неговата сопруга Богдана има две деца, Жељко и Крстан, ќе стане татко по трет пат.
Вељко и Богдана со децата живеат во Тител, a тој на својот Инстаграм профил сподели видео во кое најголемиот син Жељко наутро прави склекови.
Иако се уште младиот Жељко има само три години тој е физички многу активен, па затоа може да се видат видеа во кои тој удира во вреќа и трча.
-Ајде, еден, ајде два, ајде три, ајде четири, уште еден, пет, Браво докторе, кој е најјак, му вели Вељко.
— Курир (@KurirMK) December 11, 2023
Само за потсетување, синот на Цеца е боксер, тој ужива во бракот со Богдана. Тие двајца во 2019 година се венчаа, а својата љубовна приказна ја започнаа две години претходно.
Богдана повторно е бремена, па така семејството Ражњатовиќ ќе стане побогато за уште еден член кој ќе се вика Илијан.