Лиза Кудроу попзната како Фиби Буфе од „Пријатели“, во „Емисијата на Дру Баримор“, откри дека неодамна пронашла белешка којашто нејзиниот покоен колега Метју Пери ѝ ја дал на снимањето на финалето. Тоа писмо досега било скриено во подарената тегла за колачиња.
– Метју ми ја даде на крајот од нашата последна епизода. А неодамна најдов и порака во тој сад, што тој ми ја наменил мене. Ја немав отворено теглата, ниту пак, погледнав внатре. Но, да – внатре имаше порака, и јас сум заборавила на тоа. За сè има вистински миг, вели ѕвездата на „Пријатели“.
Пери кој го глумеше Чендлер Бинг во американската хумористична хит-серија, почина лани во октомври, од „акутни ефекти од злоупотреба на ‘Кетамин’“, на 54-годишна возраст. По неговата смрт, другите ѕвезди од „Пријатели“ – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Лиза Кудроу објавија заедничка изјава.
Нивната главна порака гласеше: „Ние сме семејство“.
Во 2021 година, екипата имаше повторен собир во ТВ-документарецот, првпат откако серијата ја прослави својата 10-годишнина во 2004 година, а воедно и крајот на приказната.
Во врска со смртта на Пери, пет лица беа обвинети. Следно, основана е и фондација на негово име, со цел да им се помогне на лицата кои се борат со зависности.