Познати по еден месец

Лијам Пејн ќе биде погребан оваа недела, менаџерот не е добредојден

Извор близок до семејството на починатиот пејач тврди дека Норес „никогаш не бил популарен меѓу другите пријатели на Лијам“, но и дека би било несоодветно по опсежната истрага на аргентинските власти, кои забележале дека „еден пријател го напуштил во периодот кој му претходел на смртта“, да присуствува на погребот.

Лијам Пејн ќе биде погребан оваа недела, менаџерот не е добредојден

Телото на Лијам Пејн, пејачот кој минатиот месец почина во Аргентина откако падна од балкон од хотелска соба, пред две недели беше пренесено во Велика Британија, а ќе биде погребано оваа недела.

Погребот ќе се одржи во Вулверхемптон, а според британскиот таблоид нема да присуствува неговиот менаџер Роџелио Роџер Норес.

Норес во септември отпатува во Аргентина со Лијам, за пејачот да ја обнови визата за живеење во Америка и да го гледа настапот на неговиот поранешен колега Најл Хорам од групата One Direction, а само еден месец подоцна почина.

Дејли Мејл пишува дека Роџер (31) кобниот ден три пати го посетил Пејн во хотелот CasaSur во Буенос Аирес.

To top