Пејачката Лепа Брена, вчера гостуваше во шоуто на Огњен Амиџиќ каде говореше за својата кариера, бракот, успехот, концертите.
Брена откри дека во еден ден има заработено 150.000 евра, а на потпрашање на водителот дополни дека тоа било од продажба на недвижност.
По низата јавни разводи за српската сцена, меѓу кои и оние на Драгана Мирковиќ и Тони и Харис и Мелина Џиновиќ, Брена не откри на чија страна е, но истакна дека секогаш е подобро добра разделба од лош брак.
Пејачката за нејзиниот однос со сопругот Боба Живојиновиќ откри дека е нормално сопружници да имаат добри и лоши моменти, но најважно како рече, е тие да се надминат особено кога постои љубов, поддршка, почит и пријателство меѓу двојката.
Брена откри нови детали за човекот кој и го предвидел успехот кога била седмо одделение. Откако се појавил на вратата на сосетката каде пејачката била со мајка и, и побарал чаша вода, започнал целиот разговор.
Човекот и кажал дека ќе биде популарна како Јосип Броз Тито, на што таа не верувала. На крај и рекол дека кога и да се сети на него во животот, да запали свеќа.
-И денеска палам свеќа за него, тоа беше неговата желба, откри Брена.
Како се одивал целиот нивен разговор може да слушнете во видеото.